Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.02.2022 година

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,346 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,027% или за 26,900 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 4,547% или за 41,850 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,844% или за 34,050 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,892% или за 4,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,7161 ден/$ и е за околу 0,018% повисок од курсот на доларот (56,7061 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.