Спортското купе на Audi нема да има директен наследник, a слободното место во гaмата ќе го заземе електричен модел во ист ценовен ранг

Електричен модел ќе го замени популарниот Audi TT, официјално најави компанијата, со што се става крај на една од најинтересните страници во развојот на брендот.

Информацијата е објавена од главниот извршен директор на компанијата Брам Шот, кој најави и специјална верзија на ТТ – Quantum Gray Edition, која ќе биде првиот автомобил на марката, кој ќе може да се порачува онлајн.

Електромобилот кој ќе го наследи моделот ТТ на разочарување на фановите на моделот, можеби воопшто и нема да биде спортски, но од друга страна ценовно ќе биде пропорционален со ТТ.

Временската рамка за спроведување на оваа одлука не е објавена, но се очекува моменталната трета генерација да остане во продажба до 2022 година.

Одлуката за судбината на ТТ е резултат на желбата на челниците на Audi да „концентрираат максимални ресурси во клучни проекти“ за брендот, како и да ја намалата моделната гама на брендот.

Од своето деби во доцните 1990-ти, ТТ стана една од иконите за автомобилски дизајн. Дури наследникот на ТТ и да е спортски и електричен автомобил, сеуште нема гаранции дека тој ќе го задржи името на оригиналот, а најверојатно ќе добие и ознака e-tron.

https://youtu.be/DRohA8y1r0Y

Сеуште останува нејасна судбината на доста поскапиот спортски модел на Audi – R8, а Шот признава дека дискусијата на највисоко ниво во компанијата била на тема дали R8 има потреба од наследник со мотор со внатрешно согорување, што значи дека наскоро Audi може да влезе во растечката група на брендови кои нудат електричен суперавтомобил.