На патиштата ќе се појави од 2021 година

SEAT el-Born досега познат како концепт модел, a сега доаѓа со логото на Cupra и станува најспортскиот електричен хеџбек од VW Group.

На патиштата ќе се појави од 2021 година. Целосните технички детали не се познати, но лесно може да се претпостави дека станува збор за технолошки близнак на Volkswagen VW ID.3. Самиот поглед во кабината јасно го открива потеклото. Нови се само конзолата и воланот, а во согласност со педигрето, додадени се и подлабоко профилирани седишта.

Моделот ќе биде монтиран на платформата MEB, а ќе има само еден електромотор кој ќе ги придвижува задните тркала.

Во комбинација со батерија од 77 kWh, el-Born ќе може да покрие автономија до 500 км со едно полнење. Компатибилноста со брз полнач, од друга страна, значи дека половина час полнење ќе биде доволно за автономија од 260 километри, што секако звучи одлично.

Од Cupra велат дека моделот до 50 стигнува за 2,9 секунди, но не откриваат колку е потребното време за до „стотка“. Затоа се споменува вградување на Dynamic Chassis Control Sport (DCC Sport) технологијата и се најавува врвна динамика во возењето.

Cupra el-Born ќе се произведува во Германија во фабрика во Цвикау, заедно со „близнакот“ I.D.3 од Volkswagen.