Можело да заврши и многу полошо

На лизгави површини, како што е мраз, многу е лесно да се направат првите дрифт чекори. Но, за разлика од лизгалките со кои можете да го контролирате вашето движење, со автомобил тоа е невозможно. Дури и ако сте на мраз во скапи и екстремно моќни SUV модели како Toyota и Lexus.

Нивниот настап на мразот на Бајкалското Езеро го снимила и камера. Двајцата Руси решиле да преземат малку ризик со акробатика за да добијат барем еден момент на слава преку поатрактивен настап. Добро е што рекламата ја снимал локален дилер на Toyota и Lexus, за да можат полесно да ја санираат штетата. Но, можело да заврши и многу полошо.

Погледнете ги видеата во прилог.