Дуел за тронот кај премиум компактните теренци: Audi Q3 RS VS Mercedes-AMG GLA 45 S / ВИДЕО
Во компактниот SUV сегмент има голема гужва
Скоро секоја марка има свој претставник. Ништо поразлично не е ниту кај производителите од премиум класата. Одлични примери за сите се Audi Q3 RS и Mercedes-AMG GLA 45 S.
Audi Q3 RS под хаубата го има легендарниот 2.5-литарски 5-цилиндерски мотор. Генерира 400 КС и 480 Nm вртежен момент. Седум-степениот автоматик е одговорен за пренесување на овој потенцијал на двете оски.
Конкурентот од Штутгарт има 2-литарски бензински агрегат познат од А45 Ѕ кој нуди 421 КС и 500 Nm. Доаѓа со 8-степен автоматски менувач кој ги пренесува овие значајни вредности на двете оски.
Кој од овие автомобили е постартен, побрз…? Погледнете и самите: