Дополнителни сообраќајни ленти наменети за претекнување може да го намалат ризикот од сообраќајни несреќи за 16% на патишта резервирани за моторни возила, се вели во една нова студија подготвена од страна на Комитетот на Австралија за испитување на околностите поврзани со патиштата (Australia Road Research Board – ARRB)

Покрај минимизирање на ризикот во однос на сообраќајните несреќи, дополнителни ленти на патиштата, кои веќе имаат две ленти, исто така, придонесуваат за растеретување на гужвите на патиштата, и тоа за 10%.

Д-р Јан Еспада од одборот на ARRB, дополнителните ленти ги опишува како „добра инвестиција“, тврдејќи дека тие обезбедуваат „надградена функционалност на патиштата и подигнување на безбедноста“ на сите учесници во сообраќајот кои се движат таму.

Придобивките се јасно видливи за возачите кои своите возила ги управуваат на автопатишта, а во извештајот се наведува дека 84% од испитаниците би сочекале додека не дојдат до достапна лента за претекнување, пред да направат претекнување на лентата во која доаѓаат возилата од спротивна насока.

„Сообраќајните знаци кои ги информираат возачите за достапност на дополнителна лента за претекнување, во следните два до три километри, ги поттикнуваат возачите да бидат трпеливи и претекнувањето да го извршат кога истото ќе може комплетно да се изврши, без потреба од лентата наменета за возилата од спротивната насока”.

„Анализата на сообраќајот дополнителните ленти ги идентификува како важен фактор во расудувањето на возачот во поглед на тоа каде да се изврши ризичната работа – претекнувањето и со која брзина“.

Дури 52% од возачите кои биле дел од истражувањето, изјавиле дека се чувствуваат непријатно при претекнувањето на друго возило преку лентата за возила од спротивен правец, а 12% од нив изјавиле дека се чувствуваат „многу несигурни“ во такви ситуации.

Сето ова, се разбира, не значи дека дополнителните ленти се волшебно решение кое ги решава сите проблеми. За разлика од претходниот заклучок, 53% од испитаниците откриле дека се чувствуваат нервозни поради фактот дека дополнителните ленти за претекнување некаде завршуваат, а сообраќајот продолжува во стандардната лента. Покрај тоа, 54% од возачите забележале дека други возачи често се „лепат“ до задниот дел од возилото, и тоа на делници каде вакви ленти постојат.

Watch Oira Sukeban Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch Baby and Me animeflv Episode 28 watch anime

Website https://4anime.biz: Watch Belle and Sebastian 4anime Episode 1 4animeone

https://kissanime.mx kissanime legend of korra

En eyeka: https://en.eyeka.com/u/gogoanimelol

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/animeflixnl/