Француската марка е пред своите конкуренти пред се поради феноменалната продажба на моделот Zoe

Во 2020 година, на европскиот пазар Renault продал вкупно 115.988 електрични возила со пораст на испораките од 101,4% во споредба со резултатот во текот на 2019 година. Согласно овие бројки, Zoe е најпродаваниот EV модел на Стариот континент.

Моделот е продаден во дури 100.657 примероци во текот на изминатата година со што Zoe индексирал раст на продажбата од дури 114%. Треба да се додаде дека Zoe е најпопуларниот електричен автомобил од двете страни на Рајна – 37.409 регистрации во Франција и 30.376 во Германија.

Претставниците на Renault веруваат дека оваа година ќе постигнат уште подобра продажба на EV моделите. Неодамна на сцена стапи и електричниот Twingo, кој треба дополнително да го зајакне францускиот бренд во овој сегмент.

Покрај тоа, Renault укажува и на многу добрата продажба на хибриди во Европа, од кои минатата година се испорачани повеќе од 30.000 единици. Не треба да се заборави доаѓањето на моделот Arkana, кој исто така ќе има хибридна варијанта, и секако дека дополнително ќе ја зголеми продажбата на автомобилитe со батерии.