Дали водата е една од најлошите опции?

Врелата вода е лошш решение, но млака – зошто да не? Сепак, постојат и други, поефикасни методи кои се поевтини од типичните хемиски одмрзнувачи

Се надеваме дека тоа веќе го знаете, односно врела вода на замрзнатите прозорци е најлошата можна идеја. Големата разлика во температурата може да предизвика кршење на стаклото. Што е уште полошо, водата што тече низ стаклото може брзо да замрзне ако надворешната температура е под нулата, а што е уште полошо може да предизвика замрзнување на брисачите.

Значи, користењето вода можеби не е најдобрата идеја, но понекогаш може да помогне, но пред сè, не заборавајте да ја намалите температурната разлика. Ако водата е ладна, стаклото нема да пукне. Кога мразот не е премногу силен, доволно е да се истури вода на стаклото, која се чувала на собна температура. Таа ќе го олесни отстранувањето на тенкиот слој на мраз, но сепак брзо да се делува и веднаш да се стартуваат брисачите.

Покрај водата, тука се и неколку домашни рецепти за подготовка на сопствен одмрзнувач на шофершајбната, многу подобар од чиста вода, а во исто време и поевтин од одмрзнувачите купени во продавница. Покрај состојките, потребен ви е и распрскувач, т.е. шише со кое ќе ја нанесете течноста на прозорците.

Едно од наједноставните решенија за подготовка е солена вода. Ефикасно го одмрзнува мразот на шофершајбната, но ви треба помош од брисачите. Само додадете лажица обична готварска сол во распскувач за вода.

Ефикасен е и раствор на вода со оцет во сооднос 2: 1 или 3: 1 (еден литар оцет на два или три литри вода). Ова делува како нормално средство за одмрзнување.

Докажан метод е решението со алкохол, но тешко е да се зборува за голема заштеда кога станува збор за стандардни алкохолни пијалоци. Освен ако не ги добиете како подарок за разни прилики, но не ги пиете :). Поевтино е да се користи етанол (чист алкохол) кој се меша во сооднос од 2:1 или 3:1 (еден литар етанол до два или три литри вода). Ставете го во распрскувач и ете одличен одмрзнувач за шофершајбната и другите стакла на автомобилот.

Немате со што да ги прскате или гребете прозорците? Користете пластична, тврда картичка. На пример, некоја со која собирате поени при купување во маркетите. „Не правете авантури“ со документите или банкарските картички бидејќи може да се оштетат со стружење мраз од шофершајбната.