Mercedes го претстави базниот модел од новата генерација на својот легендарен теренец

Претходно оваа година Mercedes ја лансираше новата генерација на G-класата, а сега, пред крајот на годината која заминува, германскиот производител објави технички детали и фотографии за базниот модел, G350d.

Најслабата дизел варијанта како погон користи 6-цилиндерски 3.0-литарски турбо мотор кој произведува 286 КС (210 kW) и развива дури 600 Nm максимален вртежен момент, во опсег од 1,200-3.200 вртежи во минута.

Од Mercedes велат дека G350d од 0 до 100 km/h забрзува за 7,4 секунди, додека максималната брзина е 200 km/h.

Нарачките започнуваат во јануари, а цената сè уште не е објавена.