McLaren Special Operations (MSO) во чест на првата титула на легендарниот F1 возач Аиртон Сена во 1998 година претстави уникатен P1 GTR

Уникатната верзија на P1 со број на шасија 12 ја има истата комбинација на портокалова и бела боја со карактеристичната линија на тогашниот спонзор Marlboro како и болидот McLaren MP4/4, во кој покојниот Бразилец ја освои шампионската титула во Formula 1.

Логото на Сенa е поставено на неколку места од каросеријата, како и неговиот тркачки број 12, бразилското знаме, а само за бојадисување на автомобилот биле потребни 800 часа.

На прагот од вратата стои натписот: „Не сум подготвен да завршам како втор или трет … Јас сум направен да победам“.

Целиот проект траел три години.

McLaren P1 GRT е тркачка верзија на познатиот модел од британскиот производител направен во чест на 20 години од победата на McLaren F1 на 24 часа Ле Ман во 1995 година.

Направени се само 58 единици по цена од 2,4 милиони долари, а под хаубата се наоѓа 3,8-литарски мотор со twin-turbo полнач и 970 КС.