Многу е веројатно дека фрлате пари, а исто така може да предизвикате и сериозно оштетување на вашето возило

Сите ние, понекогаш сме имале повеќе обиди за долевање на гориво во резервоарот откако станицата за полнење го прекинала дотокот.  Вистината е дека тоа не треба да се прави, или после првиот прекин на дотур на дизел гориво или бензин, потребно е да се запре тенденцијата да „се заокружи“ литражата или сметката“.

Да, со литар-два може да се вози уште неколку десетици километри, но пред да продолжите да го правите тоа погледнете го видео клипот подготвен од страна на професионалците на каналот Roadshow, во кое има подетално објаснување за бесмисленоста на овој чин.

Значи, која е штетата која може да се случи? За почеток, со дополнителните обиди за долевање на гориво, всушност може и воопшто да не долеете гориво, туку само некој денар повеќе на сметката. Пумпите се дизајнирани автоматски да ја запрат испораката на гориво кога ќе идентификуваат промена на притисокот во резервоарот, а што вообичаено се случува, истовремено со процесот на полнење гориво.

Ако продолжите да долевање на гориво, може да се случи целото дополнително гориво едноставно да истече преку цревото за долевање. Покрај тоа што пумпата на станицата се потпира на промена на притисокот и формираниот вакуум, дополнителните „потскокнувања“ на пиштолот од полначот може да резултираат со нула долеано гориви, но зголемена сметка. Понатаму, вишокот на гориво може лесно да биде отстранет од системот преку одводното црево.

Заедничко за сите потенцијални епилози е расфрлување со пари, но тоа сигурно не е најлошото што може да се случи. Модерните возила поседуваат систем за довод на гориво дизајниран на начин да спречи испарувања од резервоарот.

Сето ова за што зборуваме е добро илустрирано во приложеното видео, па затоа дефинитивно препорачуваме да го погледнете.