Експертите велат дека апсењето на поранешниот извршен директор на Алијансата, Карлос Гон во 2018 година, го ставило партнерството во проблеми

Daimler и Renault-Nissan Alliance склучија тринасочно партнерство пред околу десет години и како резултат лансираа неколку заеднички производи. Комерцијалните модели Kangoo и Citan  веројатно се еден од најдобрите примери, исто  како и употребата на „малолитражните“ 1.3 ТСе мотори на Renault во некои од моделите на Mercedes. Сепак, ситуацијата во последните месеци е променета и се чини дека партнерството полека се распаѓа.

Daimler наводно, според Bloomberg, ги продал своите 9,2 милиони акции и по тековниот курс инкасирал околу 364 милиони долари. Овој потег следи по одлуката на Nissan да го продаде целиот свој удел во германскиот производител на автомобили за 1,15 милијарди долари во мај. Во март оваа година, и Renault го продаде својот удел во Daimler.

Daimler и партнерите од Renault-Nissan на пазарот објавија неколку заеднички модели, а последен пример е новиот Mercedes-Benz Citan, кој е малку изменета верзија на Renault Kangoo. Првата генерација на овој миниван беше исмејувана поради релативно нискиот квалитет кој беше далеку под она што го нудат другите производи од гамата на марката. Во меѓувреме, X-Class беше Nissan Navara со ознака со трикрака ѕвезда, но продажбата на скапиот камионет беше многу мала и го принуди Daimler да го повлече од производство во мај 2020 година.