Соларниот парк на VW е изграден во 2013 година и е едно од најголемите соларни полиња со кои управува производителот на автомобили во САД.

Потребни се многу работници во фабриките за автомобили, но се чини дека тие не мора нужно да бидат луѓе. Фабриката на Volkswagen во Чатануга во Тенеси, САД моментално вработува 4.000 луѓе и стадо од 50 овци кои го помагаат новиот соларен проект на компанијата.

Соларниот парк на VW е изграден во 2013 година и е едно од најголемите соларни полиња со кои управува производителот на автомобили во САД. Системот од 9,5 мегавати обезбедува 12,5 проценти од потребите за електрична енергија на фабриката за време на целосниот производствен период, благодарение на 33.600 соларни модули распоредени на површина од 33 хектари до фабриката.

Но, се прашувате каде се овците во целата оваа приказна? Имено, на соларните фарми им е потребна цврста почва, поради што ерозијата е проблем. За да се спречи овој процес, тревата многу помага, но треба да се одржува за да не расте над соларните панели – тоа е работа на овците.

„Прилагодливото пасење со овци е ефикасен и исплатлив начин за контрола на вегетацијата и минимизирање на ризикот од ерозија на соларните постројки од големи размери. Овците одржуваат ниска трева преку пасење и газење, а соларните панели им даваат сенка на овците, намалувајќи го топлотниот стрес во средината на летото“, вели Лоран Шаленбергер, проект менаџер за регенеративна енергија на VW.

Volkswagen наведува дека е важно да се ангажираат само овци за оваа улога бидејќи козите, кои исто така може да одржуваат трева, имаат тенденција да скокаат на соларните панели и да џвакаат жици. Сепак, овците не се единствените животни кои имаат домашна задача во Чатануга. Имено, VW „вработува“ и неколку „спасувачки“ магариња, чија задача е да ги предупредат овците на каква било закана за дивината.

„Соларниот парк е уште еден доказ за глобалната посветеност на Volkswagen кон животната средина. Знаејќи дека произведуваме обновлива енергија што ја одржуваме со поодржливи решенија како овците, оваа иницијатива е пример за другите големи фабрики во САД“, вели Том ду Плесис, извршен директор на операциите на фабриката.