Претпоставката се оствари

По патничката верзија, Hyundai претстави и комерцијалната верзија на својот нов ван. Тоа е Hyundai Staria-Load, веројатно најфутуристичкото комбе кое може да се најде на европскиот пазар

Интересен дизајн

Во комерцијалната верзија, нема LED лента со целосна ширина од предната страна. Наместо тоа, се користел црн декор, кој исто така изгледа интересно (иако помалку импресивно). Подоле се светлата во форма на плочки.

Страничното стакло е заменето со лимени плочи кои го откриваат карактерот на автомобилот. Назад се наоѓаат вертикални, тесни светлосни групи на двете страни од по површина големото стакло. Она што е важно, клиентот може да избере дали сака класична, голема врата или двокрилна врата.

Модерно работно место

Напред се две одделни седишта, кои, се разбира, се поставени доста високо. Тешко е да се зборува за прилагодување на седиштата во оваа фаза, но претпоставката е дека сигурно не е толку голема како во патничкиот автомобил. Можно да се избере и варијанта за пет лица со помал товарен простор.

Очекувајте и тврда, но внимателно свиткана пластика. Hyundai не разочарува во овој поглед, дури и во автомобилите од пониска класа. Она што е важно, возачката кабина е навистина модерна, а во исто време и многу практична. Пред очите на возачот се дигитални индикатори со можност за персонализација. 

Централната конзола има мултимедијален екран на допир со физички копчиња. Уште пониско, е панелот за климатизација и бројни полици и вдлабнатини за полесно редење на мали предмети. Вреди да се напомене и високо позиционираната рачка на менувачот, која веројатно сама „паѓа“ во вашата рака.

Hyundai Staria-Load – спецификации

Корисниот простор треба да овозможи транспорт на три евро-палети. Товарниот простор достигнува 4.935 литри, што е навистина добар резултат. Се разбира, клиентот може да избере кабина со преграда за да спречи поместување на товарот.

Без оглед на конфигурацијата на каросеријата, во однос на моторизацијата понудата е само една. Станува збор за 2.2-литарски CRDi турбо дизел кој произведува 174 коњски сили и 430 Nm. За пренос на моќноста на предната оска е одговорен 6-степен мануелен менувач.

Доставното возило Hyundai Staria – Load, согласно трендовите, добило голем број модерни решенија. Неговиот корисник, меѓу другото, ќе може да користи електронска паркирна сопирачка, пристап без клуч, далечинско затворање и отворање, Android Auto и Apple CarPlay, индуктивен полнач за мобилен, пакет безбедносни системи…

Познати се цените само за локалниот пазар: 33.074 американски долари за моделот со две седишта и 34.882 американски долари за моделот со пет седишта.