Учеството на електрични такси возила во Виена е само еден процент… За сега!

Меѓутоа, до 2025 година, сите регистрирани такси возила треба да бидат исклучиво со електричен погон. Токму поради тоа, Виена започна пилот-проект за воведување флексибилни станици за полнење на електрични автомобили, кои би требало да го олеснат преминот кон електрична технологија.

Според планот, во следните две години, осум такси станици и 56 возила во Виена ќе бидат дополнително опремени со технологија Matrix Charging од младата компанија Easelink GmbH од Грац, со полесно полнење на возилата директно на такси станица наместо на станица за полнење.

Возилото е опремено со специјален додаток на долниот дел од каросеријата. Со притискање на копче на инструмент таблата во автомобилот, се поврзува со таблата за полнење на такси-станицата.

„Станува збор за меѓународен пионерски проект кој обезбедува можност за трајна промена во градскиот сообраќај. Префрлајќи се на електрични такси возила, и градот и жителите ќе имаат корист. На овој начин, истовремено ги намалуваме штетните емисии и го подобруваме квалитетот на воздухот во градот“, објаснува Питер Ханке, член на градската и покраинската влада, од одделот за финансии и економија.

Проектот е создаден во тесна соработка помеѓу Стопанските комори на Виена и Штаерска и енергетските компании Wien Energie и Energie Graz. Wien Energie е задолжен за снабдување и испорака на зелена електрична енергија за новиот систем за полнење, а австрискиот автомобилски и туристички клуб (ÖAMTC) и Hyundai исто така учествуваат во проектот.

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeFLV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://aniwatch.pro: Watch Ensemble Stars! (Dub) aniwatch Episode 24 anime stream

ANIMEFLIX: Trinity Blood anime episode 24 online free at https://animeflix.nl animeflix one piece

Deviantart: https://www.deviantart.com/gogoanimebe

Xdqnam gov: http://xdqnam.gov.vn/Default.aspx?tabid=118&TLID=6526