По информацијата дека производството на сегашната генерација на BMW X4 ќе биде прекината во март, Баварците официјално ja претставија втората генерација на кросоверот

Премиерата пред публика, моделот ќе ја има на автомобилскиот саем во Женева следниот месец.

Теренскиот модел е поголем од својот претходник, и тоа значително. Должината е зголемена за 81 mm и достигнува 4.752 mm, а ширината за 37 mm и сега е 1.918 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 2.864 мм, што е за 37 mm повеќе од она во првата генерација.

Стандардниот волумен на багажникот на BMW X4 сега е 525 литри, а кога седиштата ќе се преклопат, се зголемува на 1.430 литри. Кај претходната генерација на кросоверот овие димензии беа соодветно 500 и 1.400 литри.

Во конструкцијата на новиот модел е користен повеќе алуминиум, но и челик со висока цврстина. Ова овозможува не само зголемување на цврстината на возилото, туку и на намалување на телесната тежина. Разликата во споредба со претходникот достигнува до 50 килограми во зависност од модификациите.

Со смената на генерации подобрени се и аеродинамичките показатели на X4. Благодарение на употребата на активни елементи во решетката на ладилникот, коефициентот на отпор сега е намален за 10% и сега е 0,30. Во исто време центарот на тежата е понизок отколку кај новото X3.

Во гамата на модификации на BMW X4 ќе има две „набилдани“ верзии од M Performance – M40i и M40d. Првата ќе биде лансирана во август и ќе добие 3.0-литарски бензински турбомотор со 360 КС и 500 Nm вртежен момент. Кај оваа верзија забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае 4,8 секунди.

Модификација M40d ќе добие 3.0-литарски дизел со 6 цилиндри, кој ќе развива 326 КС и 680 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h во оваа верзија ќе биде 4,9 секунди. Максималната брзина на двете „набилдани“ верзии е ограничена по електронски пат на 250 km/h.

Овие два автомобила ќе се разликуваат од останатите по подесувањата на суспензијата, на издувниот систем, на сопирачките, како и тркалата. За двете спортски верзии е предвиден и заден M-диференцијал.

Во палетата на мотори на втората генерација на BMW X4 влегуваат уште два бензински тубомотори со 4 цилиндри и зафатнина од 2.0 литри кои развиваат 184 и 252 КС. Има и 2.0-литарски дизел – 190 и 231 КС, како и 3.0-литарски дизел со 265 КС. Сите модификации со себе го носат системот за погон на сите четири тркала xDrive и со 8-инчен автоматски менувач.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1M-pH3ERX8WRKNk_ktvzdJzZlsVMWMlMs” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во опременоста на возилото влегуваат и LED фарови, проекциски дисплеј, мултимедијален систем со 10,25-инчен екрам на допир и управување со гестови, адаптивен круз-контрол, систем за кружен надзор со камери, безжичен полнач за паметни телефони, тризонска климатизација, панорамски покрив, вентилација на седиштата, како и вграден систем Microsoft Office 365, која овозможува добивање на пошта и внесување на промени во календарот.