Дилема за фановите на BMW – М2 или М3? / ВИДЕО
Со лансирањето на М2, BMW на фановите на својата спортска линија веројатно им предизвика голема дилема, бидејќи до скоро М3 беше единствениот логичен избор
Генерално, фановите на брзото возење повеќе ги ценат поагилните автомобили пред оние кои се генерално побрзи, а токму тука се чини М2 го наоѓа своето место.
Моделот е полесен од М3, што значи и од М4, па иако има помала моќност, тој не заостанува премногу. Покрај тоа, многу тестови го нагласуваат огромното уживање во возењето на М2 наспроти М3 / М4, што е исто така важен елемент.
На стандарден пат со добри кривини, ова може да биде пресудно, но исто така и М3 има свои адути, пред сè кога се наоѓа на тркачка патека.
Што се однесува до бројките, M3 има 425 КС и вртежен момент од 550 Nm, додека моќта на M2 е 365 КС на 465 Nm.
На хартија, BMW M3 од 0-100 km/h забрзува за 4,3 секунди со шест брзински мануелен менувач, а за 4,1 секунди со седум степен менувач на двојна спојка (DCT).
Од друга страна, BMW M2 забрзува за 4,5 секунди со шестстепен пренос, а за 4,3 секунди со DCT варијанта.
Бројките се на страната на М3, но како тоа изгледа во реалност? Погледнете го видеото во прилог.