Производството на ценовно најприфатливиот Model 3 на Tesla, се чини дека конечно почна да се движи во подобра насока, а производителот веќе има план да започне со производство на уште еден модел од ноември 2019 година, наведува агенцијата Reuters

Имено, агенцијата овие информации ги добила од два неименувани извори, кои имаат информации за плановите на Tesla и кои наведуваат дека Илон Маск веќе почнал да ги прифаќа прелиминарните понуди од добавувачите на делови за новиот Model Y. Сепак, овие извори не откриваат никакви детали за планот за производство и неговиот обем.

Имено, производителите на автомобили обично бараат добавувачи за делови две или три години пред да почне производството, но Tesla го прави тоа само 18 месеци пред лансирање на нов модел. Првично, Model Y бил планиран на нова платформа, но тоа во межувреме се променило, па новиот модел ќе биде базиран на истата платформа како и Model 3.

Како и моделите S, X, 3 и Roadster, така и Model Y ќе се произведува во фабриката во Калифорнија. До крајот на 2021 година, Tesla планира овој модел да го произведува и во Кина. Исто така, во плановите на компанијата е претставување на целосно нов електричен систем за модел Y.

Минатата година Маска објави информација која вели дека во Model 3 има 1.524 метри жица, а во Model Y, кој инаку ќе биде мал кросовер, оваа бројка ќе падне на само 100 метри. Сето тоа ќе биде можно благодарение на новиот електричен систем кој има поинаква волтажа и пренос на моќноста.