Џони Инглиш повторно напаѓа!
Роан Еткинсон (познатиот Мистер Бин, лик на кој му се восхитуваат сите генерации), оваа година по трет пат ќе се најде во улогата на смотаниот, но ирационално самоуверен, Џони Инглиш, таен агент на британската МИ6
„Мистер Бин“ прв пат беше таен агент уште во далечната 2003 година, кога за разлика од останатите, само тој ја разбра намерата на Французинот Паскал Саваж (Џон Малкович), претендент за британската круна. Неговиот автомобил во овој филм беше Aston Martin DB7 Vantage.
Во вториот дел од франшизата, кој во кино салите се појави во 2011 година, Џони Инглиш по катастрофата што го снаоѓа на работа се повлекува во илегала, но сплет на околности го наведува уште еднаш да биде шпион. Во овој филм, возилото на Џони Инглиш беше V16 Rolls-Royce Phantom Coupe.
Третиот филм, чија кино премиера е закажана за 12 октомври 2018 година, е насловен „Џони Инглиш повторно напаѓа“. Во овој филм, тој ќе вози класичен Aston Martin V8 (опремен со ракети и многу други нешта). На Аткинсон во филмот ќе му се придружат поранешната Бонд девојка Олга Кириленко, како и Ема Томсон.
Што се однесува до содржината на филмот, во краткиот опис стои: „Откако по еден сајбер-напад е откриен идентитетот на сите активни агенти на тајна задача во Велика Британија, Џони Инглиш е принуден да се врати од пензија и да го пронајде лошиот хакер“.
Погледнете го трејлерот за третото издание од франшизата Џони Инглиш.