Продажбата на автомобили со дизел погон во Германија бележи пад од дури 25% во март, првиот месец по одлуката на Сојузниот суд да им дозволи градовите право да го забранат движењето на дизел возила по нивните улици

Резултатот за март некако и не е изненадување ако се земе во предвид дека продажбата на дизел возила во Германија пад бележи уште од почетокот на годината – 17,6% во јануари и 19,5% во февруари, па март е само уште еден показател дека нафтените агрегати нафта полека изумираат на најголемиот пазар за дизели во Европа.

На германските производители како Volkswagen и Daimler не им помогнаа ниту иницијативите за поттик на купувачите на нови дизел возила, па дизелот сега има само 31,4% удел на пазарот на кој имаше голема доминација.

Стравот кај возачите од можните ограничувања на употребата на нивните автомобили сигурно ќе влијае на продажбата и во наредните месеци, па се предвидува дека учеството на дизелот да падне на само 25%.

Падот на продажбата на дизели во Германија најмногу ги погодил странските производители, пред се Volvo со пад од 25% и Renault со 24%, додека во премиум сегментот најмногу „страдал“ Audi со пад на продажбата на дизел единици од 13%.