Џенсон Батон ја охрабрува Formula 1 да биде иновативна во првите трки од 2020 година
Formula 1 оваа седмица ги објави официјалните детали врзани со овогодинешниот календар. Засега се знае дека првите осум трки ќе се одржат во Европа пред празни трибини. Покрај тоа, за прв пат во историјата, ќе гледаме по две трки на иста патека – Red Bull Ring и Silverstone
Џенсон Батон смета дека овие трки се совршена можност да испробаат нови и уникатни формати.
„Промените можат да бидат одлични за спортот, затоа се надевам дека ќе направат нешто забавно“, вели Батон. „Ова е дефинитивно време да се повлечат ризични потези. Ако нешто тргне наопаку, само вратете се на стариот систем. Навистина верувам дека сега е време вакво нешто, фановите да се забавуваат и да им се вратат насмевките на нивните лица“. „За неколку години, ќе имаме нови регулативи, што е добро. Исто така ќе има и намалување на буџетот за кој се надевам дека ќе го направи целиот грид поконкурентен“.
Светскиот шампион од 2009 година сега работи како стручен коментатор за Sky Sports и открива некои од мерките за тестирање кога ќе оди на трките.
„Доколку луѓето ги заинтересирани, ќе бидеме прегледани пред патувањето, кога ќе пристигнеме на нашата дестинација и повторно на секои два дена. Никој нема да има дозвола да оди на патеката пред резултатите. Всушност тестирање ќе има нон-стоп, но така ќе бидеме многу посигурни“, додава тој.
Британецот има коментар за трките без гледачи и смета дека сепак ќе биде одличен настан за сите.
„Formula 1 повторно започнува и тоа е фантастично. Ќе биде интересно. Возачите ќе заборават на празните трибини кога ќе тргнат од стартната рамнина. Навистина сум весел поради почетокот, а мислам дека не само јас. Туку сите се возбудени. Луѓето ќе уживаат во Formula 1 на своите телевизори“.