Автомобилскиот интернет портал Carwow решил да „изрече“ смртна казна на три автомобили, а отпорноста на нивните мотори треба да одлучи колку долго ќе успеат да „преживеат“

Во игра се Ford Focus, Honda Civic и Peugeot 206.

По отстранувањето на сите нивни витални течности, стартувани се нивните мотори и ставени под полн гас. Првиот започнал да забавува по 14 секунди, а моторот „издишал“ по точно 20 секунди. 

Следниот издржал многу подолго, „дури“ 47 секунди. Сепак, она што изненадува е третиот кандидат кој започна да откажува дури по две минути. Вртежите паднале на околу 4000, но повторно се вратиле во црвено. Водителот сакал да ги забрза работите, па седнал зад воланот, но и тоа не ни помогна. Моторот престана да „дише“ дури по 6 минути и 22 секунди, што е дури 19 пати подолго од првиот модел. 

Кој модел колку издржал може да погледнете во приложеното видео.