Дали VW Beetle станува EV со четири врати?
Засега, Volkswagen не планира трета генерација на својот некогаш популарен Beetle модел, но бранот на електрификација би можел да го спаси од дефинитивно „пензионирање“
Сегашната „Буба“ е поставена на иста платформа како и Golf 6, а додека VW наголемо работи на осмата генерација на својот најпродаван модел, за Beetle сеуште нема слични планови.
Сепак, како што шпекулираат некои медиуми, VW ја разгледува можноста за изработка на нов Beetle, но како електричен модел со четири врати.
Иако некои дизајнери веќе покажаа како ја замислуваат електричната „Буба“, ако VW влезе во тој проект, ќе биде потребно најмалку 2-3 години и за да се заврши.
Ако навистина добие зелено светло, новиот Beetle веројатно ќе се заснова на „паметнара“ MEB платформа која е специјално дизајнирана за EV возила. Оваа архитектура ќе му овозможи на VW да го зачува легендарниот дизајн на „Буба“ во комбинација со поголем простор и удобност во внатрешноста со модерен пакет на опрема.