Се појавија првите renderi кои најавуваат како би требала да изгледа следната генерација на Opel Astrа

Тоа ќе биде првата генерација на Astrа откако германскиот производител стана дел од француската група PSA, а премиерата е закажана за 2021 година, со тоа што од PSA истакнуваат дека тоа ќе биде многу повеќе од само „Opel верзија на Peugeot 308“.

И покрај кросовер трендот кој влијае на дизајнот и на други класи, новата Astra, барем според овие слики, се потпира повеќе кон купе-хечбек. Како основа послужил концептот GT X Experimental од саемот за автомобили во Париз минатата година.

Една од неговите карактеристики се „острите“ линии на фаровите, скриените рачки на задните врати во столбот Ц, и употребата на „паметни“ агли кои, и покрај дизајнот на купето, оставаат доволно простор за главата и багажникот од 380 литри.

Во однос на погоните, PSA очекува препород на дизелите во наредните години, најавувајќи ја Astra во две варијанти со 109 и 128 КС од три-цилиндерски мотор, како и 1.5-литарски BlueHDi со исто така 128 КС.

Секако, неизбежна ќе биде и хибридната технологија со 196 КС од 1.6-литарски турбо бензинец спарен со електро мотори, но во спортската варијантата на Astra со ознаката VXR.