Големо истражување спроведено во автомобилската индустрија на глобално ниво укажува на брз пад на продажбата на автомобили преку дилери. Продажбата ќе се пресели на Интернет

Во истражувањето во кое учествувале 907 брендови, повеќето производители (дури 85%) изјавуваат дека очекуваат бројот на продажни салони и дилери да опадне од 20-50% во текот на следните седум години. Дури 54% од анкетираните предвидуваат затворање на дури 30% од автомобилските салони, додека 94% од брендовите се изјасниле дека очекуваат затворање на најмалку 10% од продажните салони до 2025 година.

Авторите на истражувањето ги повикуваат дилерите на автомобилите да размислат за нов концепт на продажба и за развој на нов бизнис модел, со оглед дека сите предвидувања укажуваат на колапс на „физичката продажба“ на автомобили наспроти зголемување на продажбата преку интернет. Оваа година, Citroen веќе најави дека 10% од продажбата на возила ќе се пресели на интернет до 2021 година, а слична платформа за онлајн продажба веќе пласираа и Peugeot и Hyundai.

Во остатокот од истражувањето, производителите се изјасниле и за иднината на моторите со внатрешно согорување. Дури 77% од испитаниците веруваат дека овие агрегати уште долго ќе бидат порелевантни од електричните. Исто така, резултатите од истражувањето покажуваат дека до 2025 година нов тренд во автомобилската индустрија ќе бидат таканаречените горивни ќелии односно автомобилите на водород.