И автомобилските таблички ќе бидат дигитални

Во текот на 2018 година, дигиталните регистарски таблички ќе пристигнат на патиштата во Калифорнија, а потоа и во остатокот од САД.

Компанијата Reviver Auto ја претстави првата во свет дигитална регистарска табличка и со тоа се чини го искомплицира еден од последните едноставни делови на автомобилот.

Како што е соопштено, дигиталните таблички веќе оваа година ќе се најдат на 100.000 автомобили.

Во суштина, Rplate Pro е програмабилен монохроматски екран заштитен од надворешни влијанија. Благодарение на способноста за поврзување, можно е да го смените натписот и по потреба да се додаваат информации.
На автомобилот се поставува сосема едноставно, слично на стандардните таблички.

Добрата работа во врска со поврзувањето е дека е предвидено онлајн обновување на регистрацијата, без потреба од какви било документи и лепење на налепници.

Една од функциите на дигиталната табличка ќе биде и, на пример, до кога е платен паркинг на одредена локација.