Дали Франција почнува да го возвраќа ударот?
Владите на неколку европски земји или веќе наложиле на производителите на автомобили да ги повлечат своите возила поради прекумерна емисија на штетни гасови од дизелите, или планираат да направат такво нешто, пренесува германскиот Bild am Sonntag, кој не се повикува на некој извор за информацијата
Посебно интересна, во контекст на скандалот со финансиски малверзации во кој беше обвинет Карлос Гон, е реакцијата на француските власти. Поточно, властите во регионот Гала, изразиле особена загриженост за штетните емисии од моделот Nissan Juke. Сепак, покрај малиот Јапонец со побишена позиција за седење, на тапет нужно се нашле и братските модели Renault Captur и Kadjar.
Покрај на овие модели, во написот се споменува и потегот на холандските власти кои наредиле повлекување на еден модел на јапонската марка Suzuki. На листата се приклучува и Италија, која е на прагот на дејствување на идентичен начин со друг мал кросовер – Fiat 500X.
Од компаниите Fiat, Renault и Suzuki нема реакција на оваа вест, што е донекаде и разбирливо, со оглед на тоа дека информацијата осамна во текот на викендот. Од друга страна, новинарите контактирале со надлежните службени лица на Nissan, но нема никакви коментари.
Министерството за транспорт на Германија минатиот месец нареди повлекување на околу 100.000 возила на Opel, а се како дел од истрагата за прекумерно загадување предизвикана од работата на возилата опремени со дизел мотори.