Следејќи ги се построгите барања за емисии на штетни гасови, кои се веќе во употреба или се најавени дека ќе влезат во примена, производителите се обидуваат да најдат нови начини сопствените возила да ги направат компатибилни со новите прописи

За повеќето компании тоа значи влегување во сегментот на електрификација, но за некои тоа подразбира и пронаоѓање на покреативни одговори на растечкиот проблем. Ова е еден таков пример.

Volkswagen се обидува да произведе алтернативно гориво за мотори со внатрешно согорување, а основната идеја почива на прилагодување на употребените масла во гориво за согорување во моторот. Германскиот производител, во партнерство со Универзитетот во Кобург на крајот од минатата недела ги обелодени резултатите од заедничката работа, а тие се гориво означено како R33BlueDiesel.

Директната причина за обраќање до јавноста се рефлектира во фактот дека фазата на тестирање одржана во седиштето на Volkswagen во Волфсбург завршила со успех. Новиот тип на гориво се користи во возилата на компанијата од почетокот на годината. R33 BlueDiesel се базира на решенија развиени од страна на нафтената компанија Neste, со седиште во Финска, пред околу една деценија, а е компатибилно со стандардот за дизел гориво DIN EN 590.

Според наводите од соопштението на Volkswagen, возилата кои го користеле новото гориво испуштале 20% помалку јаглерод диоксид во атмосферата, во споредба со конвенционалните дизел автомобили. Откритието резултирало со изградба на бензинска пумпа за дизелот R33 во Волсбург, односно во фабриката Салцгитер, каде и започнала тестната фаза.

Официјалните претставници на Volkswagen наведуваат и можност за воведување на овој тип погонско гориво на сите бензински пумпи, односно проширување на понудата за сите возачи со гориво кое може да го поносе комерцијалното име Зелен Премиум (Green Premium).

„Јавната реакција на R33 BlueDiesel е многу охрабрувачка, како за Volkswagen, така и за другите партнери во проектот“, вели Томас Гарбе, менаџер на проектот.

„Ние се подготвуваме за период во кој очекуваме дека ќе има пораст на побарувачката за течни горива чие потекло лежи во отпадните материјали, како и зголемени барања за напредни биогорива, на среден рок гледано. Искрено се надевам дека многу трговци со нафтени производи во блиска иднина ќе го вклучат нашиот Зелен премиум во понудата“.