Системот ColdCut Cobra директно го напаѓа огнот, користејќи воден млаз од 300 бари

Гасењето на опожарени електрични автомобили е макотрпна работа. Тие не се запалуваат почесто од, на пример, автомобилите со дизел или бензински погон, но кога тоа ќе се случи, на пожарникарите не им е лесно. Неопходно е да се консумираат огромни количини на вода. Технологијата на воден млаз на шведската компанија Cold Cut Systems би можела да донесе големи промени. Системот е успешно тестиран од Шведската агенција за граѓански случаи (SCCA).

Литиум-јонските батерии согоруваат со висок интензитет, ослободувајќи токсични гасови, вклучително и водороден цијанид. За гаснење на електрично возило потребни се околу 150.000 литри вода. За гаснење на бензинските и дизел моторите се потребни околу 4.000 литри.

Системот ColdCut Cobra директно го напаѓа огнот, користејќи воден млаз од 300 бари (до 140 пати поголем притисок од оној во гумите) и абразивен материјал кој може да ги пресече подовите на возилата и титаниумските куќишта на батериите. На овој начин, пожарникарите можат директно да ги поплават запалените ќелии, а тестовите на SCCA покажале дека системот е толку ефикасен што се потребни само 750 литри вода за да се изгасне опожарената батерија на автомобилот за помалку од 10 минути.

Системот ColdCut првично е лансиран во 1997 година како средство за безбедно сечење метал во експлозивни средини како што се рафинериите за нафта, но набрзо противпожарните екипи почнале да го користат и во фабрики за хартија, рудници за јаглен и хемиски фабрики.

Системот е поставен на Toyota Hilux, но со нова шасија. Погонот 6×6 нуди носивост од 3.000 kg – речиси три пати повеќе од стандардниот капацитет на 4×4 Hilux. Багажниот простор е исто така продолжен за 1.230 mm.