Од Белгискиот институт VIAS велат дека возачот на автомобилот е позагрозен од другите патници

Статистиката за сообраќајни несреќи, за жал, е точна. Темелната анализа може да доведе до важни сознанија, а ова е едно од нив. Често се мисли дека сопатникот во предниот дел на автомобилот има најголема веројатност да загине во случај на потешка сообраќајна несреќа.

Но, белгиската организација за безбедност на патиштата VIAS тврди дека тоа не е така. Од Институтот VIAS велат дека возачот на автомобилот е позагрозен од другите патници. Возачот е изложен на 37 отсто поголем ризик од смрт во сообраќајна несреќа отколку совозачот, а дури 47 отсто повеќе од оние што седат на задното седиште. Најбезбедно место во автомобилот е средината на задното седиште. Услов е да има појас во три точки и патникот да го користи. Во овој случај, шансите за преживување се зголемуваат за 25 проценти во споредба со другите патници на задното седиште.