Дали е ова е најдобриот камион во светот за борба против пожари?! / ФОТО+ВИДЕО
Во повеќето случаи противпожарните камиони се спори и неатрактивни, а возењето по непристапен терен дефинитивно не им е јака страна. Меѓутоа Mercedes-Benz Unimog е малку поинаков
Имено, во градот Кирцзартен во југозападна Германија, една доброволна противпожарна единица во свој посед го има уникатниот Mercedes-Benz Unimog U 5023, кој е модифициран така да биде извонредна алатка за борба против пожарите во густата Црна шума (Шварцвалд).
Овој противпожарен камион има клиренс од неверојатни 45 сантиметри и поставен е на огромни off-road тркала. Опремен е со напреден систем за управување со сите тркала.
Иако предниот дел и кабината на камионот се исти како и кај стандардниот модел, остатокот од возилото е трансформиран во противпожарно возило. На неговиот заден дел е сместен огромниот резервоар во кој влегуваат 4.000 литри вода и 500 литри пена. Во него е вградена и моќна Ziegler пумпа која исфрла и до 3.000 литри вода во минута.
Неговото срце е 4-цилиндерски BlueTec 6 дизел агрегат кој развива 231 КС и 900 Nm вртежен момент, што овозможува со леснотија да ги совлада и најнепристапните терени.