Toyota Cupra се враќа. Honda / Acura NSX веќе се врати. Nissan Z никогаш и не отиде. Сето тоа ја остава само Mazdа RX-7 како единствен јапонски, спортски автомобил од осумдесеттите и деведесеттите години, чие враќање многумина силно го посакуваат

За жал, и покрај некои гласини, Mazda се уште не одлучила да го врати својот спортски автомобил со Ванкел агрегат. Според тоа, освен надевање и желба, останува само со носталгија да се гледа во овој модел.

Токму затоа, Cars Evolution канал креирал видео снимка која го следи моделот Mazda RX-7 од неговите почетоци и првата генерација која дебитира во 1978 година се до последната генерација која се продавала во Јапонија до 2002 година, се додека моделот RX-8 не го зазеде нејзиното место.

Во овој период, излезната моќ на овој модел се зголемила скоро три пати, од 100 „коњи”, колку што развивала првата верзија до 276 коњски сили, колку што развивала последната генерација на познатиот спортски модел. Се разбира, со зголемување на моќта се подобриле и перформансите.

Имено, овој модел во првата генерација од место до 100 km/h забрзувал за 9,2, додека на последната генерација за истото и требало само за 5 секунди.