Властите во оваа земја повеќе не дозволуваат регистрација на одредени модели на автомобили на Mercedes и Porschea поради преголемо ниво на штетни гасови

Porsche Cayenne S Diesel 4.2 V8

Забраната се однесува на Mercedes Vito и Porsche SUV моделите Cayenne и Macan со дизел мотори.

Како што тврди швајцарската агенција за патишта – Astra, овие автомобили повеќе ја загадуваат животната средина отколку што производителите официјално имаат наведено во документацијата.

Забраната веќе стапи на сила, а се однесува на Mercedes Vito со 1.6-литарски дизел агрегат, Porsche Macan со 3.0-литарски V6 дизел и Cayenne со 4.2 литарски V8 дизел мотор.

Сите три наведени модели во иднина нема да можат да бидат регистрираат во Швајцарија, а веќе регистрираните примероци ќе можат да продолжат да патуваат во таа земја, со услов да ги усогласат емисиите на штетни гасови со локалните емисиони стандарди.

Кога станува збор за забранетите Porsche автомобили, во случајот на Cayenne, станува збор за претходната генерација, бидејќи германскиот производител во текот на презентацијата на новиот модел во 2017 година не понуди дизел варианта за овој автомобил.

Porsche Macan, кој беше рестилизиран во јули, исто така во новата верзија нема да биде достапен со дизел агрегат, па затоа забраната се однесува на моделот пред редизајн.