Досега Dacia и AvtoVAZ беа составен дел од империјата на Renault, а сега ќе бидат издвоени како засебна деловна единица

Dacia и Lada стануваат една, засебна деловна единица. Ова е вест од Renault, која со потегот покажува колку е важен источниот производствен блок за производителот. Имено, досега Dacia и AvtoVAZ беа составен дел од империјата на Renault, а сега ќе бидат издвоени, односно ќе имаат свој сопствен Управен одбор како и нов директор, Денис ле Ворт.

Идејата е да се создадат попрофитабилни модели во компактниот и среден сегмент на SUV модели со синергија и делење на платформи помеѓу овие две марки.

Првиот модел на Dacia ќе биде теренец од средна класа – Bigster, кој опционално ќе биде достапен и со седум места за патници. Основата ќе биде платформата на Renault-Nissan CMF-B, а овој модел на Dacia ќе послужи како модел за многу Лади, под едно име Niva. Очигледно, Niva ќе биде линијата на која ќе се создаваат повеќе SUV модели на Lada.