Dacia Duster vs. Audi Q7 Quattro. Кој е подобар во искачувањето по стрмен, снежен рид? / ВИДЕО
Ако некој се сеќава на автомобилската индустрија од 1980-тите и планинските патишта, тој многу добро знае дека популарниот „101“ беше подобар од многу модерни автомобили во зимски услови. Сето тоа благодарение на многу малата тежина, што го олеснува искачувањето по стрмни ридови
Оттогаш, физиката не се променила, па дури и модерните автомобили мора да се соочат со овие закони. Во овој случај, Dacia Duster му покажува на Audi Q7 quattro дека моќноста и електрониката не се пресудни.
Како што можете да претпоставите, и двата автомобили имаа погон на сите четири тркала. Поголемиот автомобил под хаубата има 3.0 TDI мотор со 245 коњски сили, кој исто така може да се пофали со висок вртежен момент. Под хаубата на Duster пак се наоѓа добро познатиот и популарен 1.5 dCi кој произведува 115 коњски сили. Мотор кој во реалност не би можел да му парира на потешкиот TDI. Сепак….
Dacia Duster, и покрај помалата моќност и теоретски полошо возење, подобро се справил со овој предизвик. Главната предност на романскиот теренец е значително помалата тежина на празно возило.