Formentor и официјално првиот самостоен модел на новата автомобилска марка Cupra.

Атрактивниот кросовер премиерно требаше да биде претставен на автосалонот во Женева, но ситуацијата со епидемијата на корона вирус и откажувањето на саемот го принуди производителот тоа да го стори преку онлајн презентација.

Првиот впечаток е дека серискиот модел изгледа скоро идентично со концептот претставен пред една година.

Наречен по полуостров на Мајорка, моделот на некој начин припаѓа на семејството Leon, исто како што CX-30 е поврзан со Mazda3. Сличностите се очигледни, како на пример предната и задна светлосна група. 

Моторизацијата е иста како и кај Cupra leon, но Formentor нема да дојде исклучиво во plug-in хибридно издание, како што претходно беше кажано од Шпанците. Ова значи дека доаѓа и со 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо бензинец со 310 КС и 400Nm со интегрален погон 4Drive.

Plug-in хибридниот Formentor треба да изгледа нешто поразлично, како во случајот со Leon. Во однос на моќноста, тој добива 245 КС и 400 Nm од комбинацијата на 1.4-литарски турбо и електромотор, додека батеријата од 13 kWh обезбедува електрична автономија од околу 50 километри. Без оглед на погонската единица, доаѓа со DSG менувач.

Кросоверот чии перформанси засега се непознати е долг 4.450 mm, широк 1.839 mm и висок 1.511 mm. Меѓуоскиното растојание е 2.680 mm.

Ентериерот во голема мерка е сличен со оној во новиот Leon, но тоа до некаде е очекувано. Трапезоидниот ентериер на овој модел донесува 12-инчен екран на допир на контролната табла, а сите поставки може да се направат електронски близу воланот. Стандардно, моделот може да се поврзе со паметните телефони со IOS и Android оперативни системи

Кога ќе се појави во продажба подоцна оваа година, ќе биде достапен со неколку стандардни металик бои како што се Urban Silver, Midnight Black, Magnetic Tech и Candy White и три специјални: Graphene Grey, Dark Camouflage и Desire Red, како и сатенските Petrol Blue Matte и Magnetic Tech Matte.