Consumer Reports: Mazda најсигурна, Tesla на дното
Американскиот Consumer Reports ги објави резултатите од најновото истражување за доверливоста на брендовите на автомобили во оваа земја
Секоја година, Consumer Reports ги испитува своите членови за проблемите што ги имале со своите возила во изминатите 12 месеци. За 2020 година, тие добиле одговори од околу 329.000 возачи, за автомобили произведени во периодот 2000-2020 година.
Дефектите во овие возила се класифицирани во 17 области, од помали, како што се сопирачки кои шкрипат, до посериозни, како што е сервис на менувачот надвор од гаранција.
По сумирањето на резултатите, Mazda се покажала како Најдоверлива марка на автомобили во САД, пред Toyota и Lexus. По нив следуваат Buick (бренд во сопственост на General Motors) и Honda.
Интересно е што американскиот производител на електрични автомобили, компанијата Tesla, е претпоследен според доверливоста на список од 26 марки (последното место е за Lincoln). За таквата лоша позиција најмногу придонел најновиот автомобил на Tesla, SUV Model Y, чија сигурност е „далеку под просекот и потрошувачите не можат да им ја препорачаат на клиентите“. И Model S и Model Х се под просекот, додека според резултатите од истражувањето единствениот доверлив автомобил на Tesla e Model 3.