По одложувањето на Гран-при трката во Кина поради епидемијата на коронавирус, ситуацијата ја прокоментира и првиот човек на Formula 1, Чеjс Кери. Тој истакнuva дека ќе биде многу тешко да се најде нов датум за трката во Шангај

Овогодинешната трка за ГН на Кина требаше да се одржи на 19 април, меѓутоа, поради епидемијата на коронавирус, трката е одложена. Formula 1 и FIA го следеа примерот на некои други спортски организации, кои претходно ги одложија или откажаа натпреварите во земјата од каде започна епидемијата.

Планот е да се следи развојот на настаните со коронавирусот и паралелно да се бара нов датум на трката, но со оглед на календарот кој има дури 22 трки (21 без Кина), наоѓањето нов термин не е воопшто лесно. Една од споментаите опции е да се премести сезонското финале во Абу Даби со цел да се најде место за Кина на крајот од ноември.

На оваа тема, Чејс Кери вели: 

„Тоа е предизвик. Започнавме борба со овој со оваа непредвидена ситуација, но кога ќе влезете во годината и ќе ги резервирате сите датуми, распоредот е доста полн. Ние ги цениме нашите кинески партнери, кои беа добри партнери. Имавме добар раст во Кина и би сакале да продолжиме со тоа, но здравјето и безбедноста се во прв план“, вели Кери.

 

„Сигурно ќе биде предизвик да се стави трката некаде во распоредот. Промената на некои други датуми кога сите ги резервирале своите датуми е доста комплексно, но решение се бара. Сè уште не сме ги разработиле сите опции, но како и да е ќе биде предизвик“, дополнува Кери.

Корона вирусот досега е пријавен во 24 земји. Инфицирани се над 40.000 луѓе, а во Кина се забележани повеќе од илјада смртни случаи.