Францускиот осум минутен филм наречен „Беше тоа рандеву“ или во оригинал „C’était un rendez-vous“ од 1976 година, денес има култен статус

Во него, возачот (режисерот Клод Лелоч) со голема брзина вози Mercedes 450SEL 6,9 низ улиците на Париз, со камера на предниот браник. Овој автомобил лично му припаѓал на Лелоч и можел да достигне максимална брзина од 235 km/h, но на снимањето брзината била ограничена на 200 km/h.

Бидејќи германскиот автомобил бил достапен само со 3-степен автоматски менувач и не звучел доволно агресивно, Лелоч го искористи звукот на Ferrari 275 GTB (кој исто така го поседувал) со моќен V12 мотор.

Сето ова нè доведува во денешно време кога возачот на Formula 1, Чарлс Леклерк, реши да ја обнови сцената со неколку „ситни“ промени. Како прво, за локација се избрани пустите улици на Монако, а Леклерк вози Ferrari SF90 Stradale. Иако режисерот останал идентичен, модерното издание не изгледа така бунтовно и нелегално како оригиналот, а во последната сцена се појавува и принцот Алберт Втори од Монако.

И покрај тоа, краткиот филм сепак е забавен за гледање, иако е јасно дека улиците на Монако се празни поради пандемијата на корона вирусот. Интересно е што сите луѓе во филмот носат маски, а дали причината е здравјето или да не се предизвика гнев кај јавноста, одлучите вие.

Снимањето на овој филм било на 24 мај, на истиот ден кога требаше да се вози ГН на Монако во Formula 1. Додека во снимањето на оригиналот учествувале само три лица, во снимањето на овој филм учествувале седумнаесет лица. Во бројката се вклучени и седум инженери испратени од Ferrari од Маранелo за да го надгледуваат автомобилот.

Уживајте во приложените видеа.

https://youtu.be/zbXyJPQzTeg