Предниот дел на новиот пикап/камионет модел неодоливо потсетува на високо пофалениот дизајн на патничките автомобили на Mazda

Јапонскиот производител ja претстави новата генерација на камионетот BT-50, настаната во соработка со компанијата Isuzu, од која е позајмена механиката.

Сепак, Mazda дала се од себе за да го направи новиот BT-50 што е можно визуелно привлечен, па затоа го примени својот познат Кодо дизајн и на овој модел. Препознатливите стилски детали, како што е дизајнот на решетката на ладилникот и фаровите, кои се присутни на патничките автомобили на овој јапонски производител во последните десет години, се пренесени во новиот камионет.

Потенцијалните купувачи ќе доживеат уште поголемо изненадување кога ќе погледнат во кабина која изгледа многу полуксузна и помодерна во споредба со другите слични модели. Возачот и патниците дефинитивно ќе уживаат во ентериерот кој не заостанува зад патничките возила на Mazda.

Новиот BT-50 е придвижуван од 3.0-литарски дизел со 188 КС и 450 Nm. Податоците за перформансите не се објавени, но Mazda објави дека камионетот има влечен капацитет од 3.500 кг, додека максималниот капацитет на носивост на самото возило е 1.000 кг.

Достапни се и бројни современи системи за помош при возењекако: Adaptive Cruise Control, Auto Emergency Braking, Lane Keep Assist, Blind Spot Monitoring, Rear Cross Traffic Alert…