Не се знае кој е сопственик на автомобилот или кој е автор на пораката, но очигледно BMW-то е во сопственост на љубовницата

На социјалните мрежи се појавија фотографии од ишарано BMW кое очигледно било жртва на љубовен триаголник. Фотографиите наводно се направени во Прибој на југот на Србија, а на белото БМВ била оставена порака: „Остави го мојот сопруг к….“

Според коментарите под фотографиите, најверојатно станува збор за одмазда на измамената жена која употребила црн спреј за своето „уметничко дело“.

Не се знае кој е сопственик на автомобилот или кој е автор на пораката, но очигледно BMW-то е во сопственост на љубовницата на која и била сервирана ладна одмазда.