BMW Z4 (G29) – први фотографии
Иако автентичноста на фотографиите не е потврдена, се чини дека ова е изгледот на G29 генерацијата на баварскиот родстер за моделната 2020 година, чија светска премиера е закажана за 23 мај
Формално, насловната фотографијата е објавена на Instagram профилот liucunyi, а BMW во моментов спроведува акција за преставување на двоседот на VIP клиенти од целиот свет. Таквите настани се специјално организирани и на нив се покануваат традиционални купувачи. Обично автомобилот е изложен во простор каде што не е дозволено да се користат камери, па дури и телефоните се депонираат на влезот од просториите.
Решетката на ладилникот и фаровите се слични на концептниот автомобил, а разликите се најзабележливи во позади, каде што серискиот модел изгубил дел од атрактивноста на концептот од 2017 година.
Од досега достапните информации, во понуда прво ќе се најде верзијата sDrive30i, како и M40i. Двете верзии во продажба влегуваат следната пролет со најверојатна почетна цена од 50 до 60 илјади евра.
Европските автомобили фанови моделот во живо за првпат ќе може да го видат на претстојниот Салон за автомобили во Париз.