LAND Rover слави 70 години, а ова фасцинантно видео не потсетува зошто овие возила се толку специјални

Класичните Land Rover-и се меѓу најпрепознатливите возила во светот. Ги сакаат насекаде, особено на Хималаите, каде што тие се единствениот избор. Попознат како „земја на Land Rover“, овој регион буквално може се заблагодари на овие британски возила што и ден денес не некои места кои се навистина тешки за живот, живеат луѓе.

Еден таков пример е врската помеѓу 30-ина километри одалечните места Maneybhanjang и Sandakphu, кои ги поврзува крајно опасен пат. Големи нагорнини, многу кал и лизгање на земјиштето како и сурови временски услови ја исфилтрирале понудата на возила на 40-ина Land Rover модели. Ќе речете стари се, но тие сè уште возат.