BMW X1 доби нови опции и хибридна верзија
Баварците го рестилизираа најмалиот кросовер во гамата
Германскиот BMW го претстави рестилизираниот X1. Промените се однесуваат на дизајнот, моторизацијата и системите за безбедност и асистенција на возачот.
Мора да се признае дека компактниот SAV (Sports Activity Vehicle) сега изгледа уште попривлечно. Новата визија се забележува уште на прв поглед. Сите варијанти – од BMW X1 преку xLine, Sport Line до M Sport – добиле индивидуална, според моделот приспособена визија.
Особено атлетски изгледа BMW X1 M Sport. Кросоверот е опремен со M-Sport суспензија, системот BMW Individual High-gloss Shadow Line со поголем распон и M аеродинамичен пакет. Оваа верзија е опремена со поголема и централно поврзана решетка на ладилникот, нови прилагодливи LED фарови и преден браник со интегрирани LED светла за магла и поголеми отвори за воздух.
BMW X1 демонстрира визуелни иновации и во задниот дел. На пример, новиот уметок на задниот браник е во боја на каросеријата. Ова е новина која е дел од стандардната опрема и на задниот дел од автомобилот му дава похармоничен сјај.
Рестилизацијата на моделот го подготвува BMW X1 за иднината. Од лансирањето ова лето, сите бензински и дизел мотори ќе го исполнуваат стандардот за емисија EU6d-temp, а BMW X1 sDrive16d и BMW X1 xDrive25d -EU6d.
Особено ефикасен е BMW X1 sDrive16d, кој ќе биде достапен како со мануелен менувач со шест брзини така и со седум степенски автоматик со две спојки. Со мануелен менувач, просечната потрошувачка на гориво кај моделот со 116 КС е само 4,4 – 4,1 l / 100 km, а емисијата на CO2 (комбинирано) изнесува 116 – 107 g / km. Со автоамитик менувач, овие вредности се 4.4 – 4.2 l / 100 km и 116 – 109 g / km CO2.
BMW X1 xDrive25d нуди просечна потрошувачка на гориво од 5.2 – 4.9 l / 100 km и емисии на CO2 (комбинирано) – 136 – 128 g / km. Неговата максимална моќност е 231 КС и 450 Nm вртежен момент, со забрзување од 0 до 100 km/h за 6,6 секунди.
Како динимака во возење, BMW X1 xDrive25i е најдобра опција. Неговиот мотор генерира 231 КС, а во комбинација со осум-степениот Steptronic пренос овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди. Неговата просечна потрошувачка на гориво е 6,8 – 6,3 l / 100 km, CO2 емисијата (комбинирано) изнесува 155-144 g/km.
За првпат моделот ќе биде понуден и во plug-in хибридна верзија, но од следната година. Станува збор за верзијата BMW X1 xDrive25e, со просечна потрошувачка на гориво од 2,0 l/100 km и емисии на СO2 (комбинирани) од 43 g/km. Батеријата има капацитет од 9,7 kW/h, што овозможува над 50 km автономија само на електричен погон.
Стандардната опрема на рестилизираниот BMW X1 вклучува 6,5-инчен централен дисплеј. Кога ќе се додаде и навигација кон опремата, возилото добива 10,25 инчен екран на допир, кој може да се управува преку BMW iDrive контролерот, како и со гласовни команди.