BMW станува косопственик и спонзор на Баерн Минхен
Според извештајот на германскиот бизнис Manager Magazin, постигнат е договор помеѓу заинтересираните страни според чии одредби BMW ќе го откупи уделот на Audi во фудбалскиот клуб Баерн од Минхен, а воедно ќе биде и спонзор на фудбалскиот клуб, најмногу до 2025 година.
Разговорите кои завршиле со договор биле започнати минатата година, а се карактеризирале со сериозна неизвесност во однос на исходот, како и можна „мултилатерална“ спогодба која би вклучувала и ослободување на работниот потенцијал на Маркус Дисман кој го напушти BMW со цел да премине во редовите на другиот баварски луксузен бренд, што беше запрено од првите луѓе на „синиот пропелер“.
Во овој момент, Audi поседува 8,33% од капиталот на Баерн, или исто колку и гигантот Allianz ангажиран во областа на финансиски услуги, како и производителот на спортска опрема Adidas. Останатите 75% од акциите припаѓаат на членови на клубот, со цел да се испочитува финансиското правило на Бундеслигата кое предвидува оваа група на акционери да има во сопственост најмалку 50% +1% од акциите.
Според извештајот, членот на Надзорниот одбор на Баерн, Едмунд Штојбер, веќе потврдил дека двете страни во текот на минатата година потпишале писмо на намери. Документот предвидува дека BMW на Audi ќе му плати износ од 800 милиони евра на име купопродажба на пакет на акции, како и истовремено да ги преземе обврските од договорот за спонзорство, кој и понатаму гласи на Audi. Договорот помеѓу Audi и Баерн е со важност до 2025 година.