На авто салонот во Женева секоја година премиерно се појавуваат многу новитети, меѓу нив и концепти, а еден од нив оваа година поседува неверојатна комбинација на перформанси

Веројатно првпат слушате за Kangaroo или како што е целото име GFG Style Kangaroo. Станува збор за концепт на суперспортски автомобил кој покрај изгледот на вистински „тркач“ на асфалт, може да се симне од асфалтот и тогаш добива епитет „хипер-SUV“.

Се разбира, во согласност со трендовите, погонот е електричен. Двата електрични мотори даваат максимум од 490 КС и 600 Nm, што е доволно за забрзување до „стотка“ за 3,8 секунди. Од друга страна, батериите од 90 kWh обезбедуваат автономија од 450 km.

Сепак, она што е посебно кај овој автомобил е неговото подвозје. Во Racing Mode, подот е висок 140 mm, во Road Mode автомобилот е подигнат на 50 mm, а на крајот тука е Off-Road Mode при кој висината на подот изнесува 260 mm. Во овој режим на возење во погон се по две пружини, а тогаш автомобилот може да се вози на нерамен терен без ризик дека некаде ќе заглави. Возилото е поставено на 22-инчни тркала со гуми Pirelli Scorpion. Дигиталниот кокпит се подразбира.

Од GFG сè уште не ги откриваат плановите за овој автомобил, но сериско производство не е исклучено. Како потсетување, ваков концепт има понудено ItalDesign уште во 2013 година (Parcour), но очигледно премногу рано.

Loading...