BMW M5 vs Mercedes-AMG E63 / ВИДЕО
Борба за превласт во сегментот на суперседани
BMW и Mercedes-Benz се директни конкуренти и се насочени кон иста база на клиенти. Ова исто така важи и за M5 и AMG E63, два луксузни седани кои располагаат со исклучително високи перформанси. Овој пат, моделите од 2018 година, YouTube каналот Тrack Day ги „ставил на црта“ во серија трки за забрзување.
Иако се работи за модели стари неколку години, моќта што ја имаат е секако импресивна. BMW M5 (не Competition) под хаубата има twin-turbo V8 со зафатнина од 4,4 литри, што испорачува 600 КС и 750 Nm. Моќта се доставува до сите тркала преку автоматскиот менувач на ZF. Иако Mercedes има малку „помал“ мотор со зафатнина од 4.0 литри, тој произведува 612 КС и 850 Nm. Достапен е и погон на сите тркала, додека менувачот е со девет брзини.
Опуштете се и погледнете го видеото за да видите кој ќе ја однесе победата.