Новата генерација е поголема во споредба со претходникот, а моторизацијата се состои од три дизел и три бензински мотори

BMW објави фотографии и технички детали за новата Серија 3 Touring, речиси една година по лансирањето на седан варијантата.

Новиот модел е полемен во споредба со генерацијата во заминување – долг е 4.709 mm, ширината на возилото е 1.827 mm, a висината 1.470 mm. Меѓуоскиното растојание е исто така зголемено за 41 милиметри, па сега е 2.851 mm.

Поголемите димензии се рефлектирале и на волуменот на багажниот простор кој сега има 500 литри (5 литри повеќе од претходникот). Покрај тоа, ширината на гепекот сега е 112 mm поголема од претходно. Нормално, багажниот простор може дополнително да се зголеми со преклопување на задните седишта, што резултира со 1.510 литри корисен простор.

Моторната гама на BMW Серија 3 Touring се состои од три бензински и три дизел мотори. Основниот бензински модел е 320i Touring, опремен со 4-цилиндерски мотор со 184 КС (135 kW).

Скалило погоре е 330i Touring, кој е достапен и во верзија со xDrive 4WD. И овој  модел како погон користи 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор, а моќта на погонската единица е 258 КС (190 kW).

Врв на понудата е Touring BMW M340 xDrive со 6-цилиндерски 3.0–бензински мотор кој испорачува 374 КС (275 kW). За сите верзии на бензин, моќта се пренесува на тркалата со помош на 8-брзински автоматик.

Основниот дизел е 318d Touring, со 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор и 150 КС (110 kW). Следниот во низата е исто така 2.0-литри, 320d Touring со 190 КС (140 kW), кој може да се нарача и во варијанта со погон на 4 тркала.

Најмоќниот дизел е 330D xDrive кој под хаубата крие 6-цилиндерски 3.0 мотор со 265 КС (195 kW). Двата послаби дизел мотори се испорачуваат стандардно со 6-брзински мануелен менувач, додека 8-степениот автоматик е достапен како опција. Најмоќниот дизел е достапен исклучиво со осум-брзински автоматски менувач.

Првата караванска тројка, BMW ја има претставено пред 32 години. Досега, во сите пет претходи генерации е продадена во повеќе од 1,7 милиони примероци, а само од последната генерација се продадени 500.000 возила, што сведочи за важноста на овој модел за баварската компанија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Продажбата на новиот модел ќе започне во септември, кога ќе биде познат и цените, а ќе се произведува во Минхен.

Loading...