Италијанскиот производител на супер-спортски автомобили постави специјална изложба во својот Музеј во Маранело по повод одбележувањето девет децении учество во авто-мото спортот

Ferrari во светот подеднакво е познат како производител на „цивилни“ спортски автомобили и како учесник во многу познати авто-мото шампионати, меѓу кои секако и најатрактивниот – Formula 1.

Приказната за Ferrari и авто-мото трките започнува речиси пред еден век, дури и пред формирањето на истоимената компанија за производство на автомобили, додека основачот Енцо Ферари правел тркачки автомобили за Alfa Romeo.

Пред Втората светска војна, во 1939 година, Енцо одлучил да стане независен, но неможел веднаш да го користи своето презиме поради договорот со Alfa. Така тој прво ја основал компанијата Auto Avio Costruzioni од каде потекнува и неговиор прв самостоен тркачки проект – Model 815 за сезоната 1940-та.

Во музејот во Маранело изложени се некои од најважните тркачки модели од историјата на Ferrari. Меѓу нив е и моделот Ferrari D50, со кој легендарниот Хуан Мануел Фанџо успеал да го освои Светското првенство во Formula 1.

Во поставката се наоѓа и 246 F1, со кој Мајк Хортон, исто така, станал шампион во Formula 1, како и болидот 156 F1 управуван од страна на Џон Сертиз во 1963 година.

Посетителите имаат можност да го видат и Alfa Romeo 8C 2300 Spider од 1932, како првиот тркачки автомобил со амблемот на Ferrari, а меѓу експонатите се наоѓаат и болидите на Михаел Шумахер (F2004) и Кими Раиконен (F2007) .

Тука е и уникатниот тркачки Ferrari P80 / C како претставник на најновата генерација на суперспортски модели на овој производител наменета исклучиво за тркачка патека.

Изложбата која слави еден значаен јубилеј е отворена на 5 јуни, а ќе трае до мај 2020 година.

Не пропуштаје ако патот ве носи во Маранело и околината.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1qqjShusgWz54DSv6RYT3nahvTZyJq7mf” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]