Во тек е развојот на петтата генерација на електрични погонски системи од Баварската марка BMW, чија важност расте паралелно со се поинтензивниот тренд на ширење на концептот на електромобилност низ целата автомобилска индустрија

Токму тоа е причината поради која повеќето BMW официјални лица во разговори со новинарите, се фокусираат на таа тема. Следствено, подпретседателот на компанијата задолжен за развој на електрични погонски системи, Стефан Јурашчек изнесува некои интересни тврдења за иднината на електричните модели на марката, како што се кросовер моделот BMW iX3, како и BMW i4.

Според неговите зборови „најважната предност на системите од петта генерација е дека целиот погонски систем (електромотор, трансмисија и придружна електроника) е интегриран во една единствена и екстремно компактна целина. На овој начин, таквата погонска група зазема многу помалку место отколку кога сите три целини би биле посебни“.

Прашањето за просторот кај електромовилите е особено важно, имајќи ја предвид потребата од вградување на габаритни батериски единици. Концептуалната различност на електричните во однос на конвенционалните автомобили, не е преголема грижа за германскиот производител, првенствено поради одлуката дека електричните погонски агрегати, по природа, треба да бидат модуларни.

Батериска единица за BMW i8

Покрај тоа, одлуката на челниците на компанијата гласи, кобалтот, кој е неопходна суровина во процесот на производство на електромобилите, да се набавува од одржливи извори. Истражувачите вработени кај производителите на луксузни автомобили се насочени кон откривање на начин по кој употребата на ретки супстанции се намалува на апсолутен минимум.

„Ние сме посветени на постепено намалување на учеството на критичните суровини што ги користиме. На пример, апсолутен приоритет на нашите развојни тимови е драстично да се намали потребата од употреба на кобалт во батериите“, вели Јурашчек.

„Електромоторот кој ќе се користи во петтата генерација на електрични погонски состави нема да содржи ниту примеси на ретки елементи од природата“, додава тој.

Начинот на размислување на челниците на Баварската компанија, секако заслужува пофалби.